Македонскиот првак тетовска Шкендија веќе оствари историски успех и сезонава долго ќе остане на европската сцена.
тетовци ги чека двомеч со Карабах во третото квалификациско коло за Лигата на шамшпионите. Но, денеска по ждрепката во Нион, Шкендија го дозна и можниот противник за последната, плеј-оф, рунда во елитното натпреварување.
Доколку го минат тимот од Азербејџан, фудбалерите на Шкендија за влез во групната (лигашка) фаза на елитното натпреварување би играле против победникот од дуелот меѓу на бугарскиот Лудогорец и унгарскиот Ференцварош.
Првиот натпревар Шкендија би го играла на гостински терен на 19 или 20 август, а реваншот во Скопје на 26/27 август.





































