Машката јуниорска селекција на Македонија, е пред голем предизвик во „А“ дивизијата на Европското првенство за кошаркари до 18 години во Белград.

По поразот од Израел во дуелот за плеснам од 9 до 16 место, Македонија денеска за противник ја има Белгија.

Ова е првиот од двата натпревар кои по секоја цена мора да се добијат, за да се оствари целта, опстанок во елитата.

Избраниците на селекторот Андреевски едноставно ќе мора да дадат и повеќе од своите можности, за кончено да се израдуваат на победа.

Ова е дуел за пласман од 13 до 16 место. Четирите репрезентации ќе се борат за тринаесеттата позиција која единствено гарантира опстанок во „А“ дивизијата.

Пораз ќе значи пад во второлигашката конкуренција, а победа уште еден меч за опстанок. Во него Македонија (доколку победи) би играла со подобриот од дуелот Швајцарија/Бугарија.

Дуелот „да се биде или не“ за Македонија против Белгија ќе почне во 16 часот. Истиот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Следете нé на социјалните мрежи