Македонскиот првак Шкендија го продолжува својот настап во Лигата на шампионите.

Шкендија изненади повторно против ФЦСБ и со триумф од 2:1 тетовчани обезбедија пласман во 3.коло во квалификацискиот круг за Лига на Шампиони.

Со триумфот Шкендија си обезбеди долга есен на европската сцена. Имено, ако загуби во следното (трето) квалификациско коло на Лигата на шампиони, потоа ќе игра во бараж за Лига Европа. Доколку и таму загуби на тетовци им е гарантиран пласман во лигашкиот дел од Конференциската лига (поранешна групна фаза) .

Што се однесува до реванш дуелот во Букурешт. ФЦСБ натпреварот го отвори фуриозно и во 28.минута поведе со голот на Јури Цисоти.

Сепак, Лиридон Латифи ги врати надежите за Шкендија со тоа што постигна гол за 1:1 во 33.та минута и им даде психолошка предност на тетовчани. Голот за победа и пласман во следната нокаут рунда го постигна Ване Крстевски во 87.минута пред истекот на крајот на натпреварот.

Со вкупен резултат од 3:1, Шкендија приреди изненадување и да ја елиминира романски екипа ФЦСБ (поранешниот европски првак Стеауа).

Шкендија во 3.коло на Лигата на шампиони ќе игра со Карабах од Азербејџан. Првиот натпревар тетовци ќе го играат на арената „Тодор Проевски“ во Скопје на 5 6 август, а реваншот на гостински терен на 12 август.

Следете нé на социјалните мрежи