Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе третиот пораз на Евробаскетот во Белград.

Во натпреварот последното. трето коло, во групната фаза, македонските јуниори се поразени од домаќинот Србија убедливо со 59:89.

Исходот беше јасен уште во првите 6-7 минути во кои србите поведоа со 20.3. Веќе на полувремето домаќинот имаше убедлива предност со 26 поени разлика 49-23. Второто полувреме беше само чиста формалност, па на крајот Србите ја впишаа втората победа, а Македонија третиот пораз.

Со овој пораз македонската селекција заврши како последна, четврта во својата група. Така во разигрувањето, односно осминафиналната рунда, Македонија за противник ќе има Шпанија која беше прва во ц групата.

Следете нé на социјалните мрежи