Машката јуниорска репрезентација на Македонија за кошаркари до 18 години го претрпе вториот пораз на Европското првенство во Белград.
Во натпревар од 2.коло на групата „Ц“, селекцијата на Макњоднија е поразена од Грција со 55-83.
Лошо го почнаа и овој натпревар македонските репрезентативци. Брзо имаа негатива од седум поени, која на крајот на првиот период беше двојно поголема (13-27). Лошата реализација од игра, и слабиот шут за три поени, придонесоа веќе на полувремето Македонија да има заостанување од 23 поени (23-46).
Тоа им ја олесни работата на противниците кои во вториот дел продолжија да не „мелат“ во ист ритам, за на крајот да слават со 28 поени разлика.
Како и вчера кога Литванците не совладаа со 75 разлика и денеска повторно преовладуваше индивидуализмот над колективната игра. За тоа најдобро говорат и бројките. Македонија имаше само 12 асистенции, а противникот 23. Згора на тоа и 17 загубени топки, како и 17 скокови помалку, се индикатор плус, каде македонските јуниор мораат многу да се поправат во играта.
Време за корекција нема многу бидејчи веќе утре следува нов натпревар. Во него македонските јуниори ќе играат со домаќинот и еден од фаворитите за највисок пласман Србија. Дуелот е закажа во терминот од 18.30 часот.
Примарна цел на оваа селекција е опстанокот во ова ТОП 16 друштво, Топа сигурно нема да биде воопшто лесно, особено ако се земе во предвид силината на противниците, но задачата мора да се исполни.




































