Македонскиот фудбалски првак, тетовска Шкендија го дозна можниот противник за третата квалификациска рунда во Лигата на шампионите.

Тетовци утре ќе го играат првиот меч против романскиот состав на ФЦСБ (поранешна Стеауа), а следниот вторник на програмата е реваншот.

Доколку Шкеднија успее да излезе како победник од овој двомеч, тогаш во 3.,коло на Лигата на шампиони ќе игра со подобриот од мечот меѓу ирскиот Шелбурн или Карабах од Азербејџан. Тие натпревари тетовци би ги играле на 5 или 6 август, односно реваншот на 12 август.

Доколку Шкендија не успее да ја мине втората рунда, тогаш ќе продолжи во Европската лига.

Противниците во третата квалификациска рунда на ова натпреварување, Шкендија ќе го дознае по ждрепката закажана за 13 часот.

Следете нé на социјалните мрежи