Македонскиот првак тетовска Шкендија успешно ја мина првата пречка во квалификациите за Лигата на шампионите. тетовци синоќа го елиминира велшкиот шампион ТНС совладувајќи го со 2:1 по продолжение.
Со оваа победа макеоднскиот првак си обезбеди најмалку уште шест натпревари на европската сцена.
Првите два се во втората рунда од квалификациите за Лигата на шампионите во која тетовци ќе играат против романската екипа ФЦСБ (поранешна Стеауа).
Првиот натпревар ќе се одигра во Скопје на арената „Тодор Проевски“ на 22 јули од 20 часот. Реваншот во Романија закажан за 30 јули во терминот од 19.30 часот.
Доколку Шкендија не ја мине втората рунда во Лигата на шампионите, ќе продолжи во квалификациите за Лигата на Европа. Но тоа нема да биде се. Имено доколку и таму бидат елиминирани, ќе следува настап во Конференциската лига.





































