Трите македонски кои ќе ја преставуваат Македонија во одбојкарскиот Челенџ Куп ги добија своите противници. Штип УГД во машка, односно Наковски Волеј и Работнички Скопје кај дамите, ќе играат во ова, трето по квалитет европско клупско натпреварување.

Штип УГД во 1.коло ќе има далечно гостување кај норвешкиот клуб Кол ИЛ од Осло. Првиот натпревар штипјани ќе го игра на гости, 11/13 ноември, додека реваншот на домашен терен е една недела подоцна 18/20 ноември.

Кај дамите Наковски Волеј, како освојувач на Купот на Македонија, беше сместен меѓу носителите. На стартот на натпреварувањето ќе се соочи со екипата на Острова. Првиот меч девојките на Наковски ќе го играа на гости во Чешка, а потоа пред својата публика.

Работнички Скопје, кој со вајлд-карта доби право за учество во Челинџ купот, ќе игра против дебитантот Рае Спортдикол Властон од Естонија. Скопјани ќе сторуваат на домашен терен, а потоа ќе играат на гостински.

Дамите, своите натпревари ќе ги играат на 28/30 октомври, односно реваншите на 4/6 ноември.