Македонскиот првак Шкендија го продолжува настапот во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Ова откако тетовци го елиминираа од велшкиот шампион ТНС.
По нерешените 0-0 во првиот меч, вечерва во реваншот одигран во Скопје, фудбалерите на Шкендија славеа со 2-1, по продолженија (1-1).
Динамично прво полувреме одиграа двете екипи. Воведното им припадна на тетовци кои по неколкуте создадени шанси први поведоа. Тоа се случи во 18.минута кога по ударот на Ибраими, кратко одбиената топка дојде до Сенегалецот, тамба кој ја смести во гостинската мрежа.
Иако тетовци се обидуваа и втор пат да ја затресат мрежата на ТНС, сепак тоа не им успеа. А, непишаното правило и казната на спротивната страна дојде во 38.минута кога среќно топката дојде до Џордан Вилијамс кој успеа да израмни на 1-1.
Во вториот дел наместо македонскиот првак да го диктира темпото, противникот беше оној што ја наметна својата игра.
во 79-та минута по корнерот од десната страна капитенот Бесар Ибраими од непосредена белизина биеше со глава но крај голот.
Во 83.минута беше досудена најстрога казна за тетовци. Сепак по прегледувањето на ВАР снимката беше утврдено дека еден од домашните фудбалери беше во офсајд, па пеналот беше поништен.
Во петтата минута од судиското надополнение тТамба имаше шанса вторпат да се запише во листата на стрелците, но гостинскиот голман успеа да одбрани.
Резултатот остана непроменет па се игра со дополнителни триесет минути. Во продолженијата, макеоднскиот шампион беше поконкретен, создаваше шанси, а на гол се чекаше до 118-минута. Тогаш на тетовци им се насмевна среќата, па со автоголот на Боденхам, Шкендија дојде до победата со 2-1.
Во втората рунда екипата на Шкендија за противник ќе ја има романската Стеауа (ФЦСБ)





































