Важна победа оствари машката младинска кошаркарска репрезентација на Македонија во Б дивизијата на ЕП во Ереван.

Во дуел од 4.коло на групата „Ц“, Македонија во драматичен меч ја совлада Швајцарија со 82-81.

Откако во првиот период жолто-црвените имаа и најголеми 12 поени предност, на крајот на полувремето таа беше само еден (46-45).

Во третиот квартал и на стартот на четвртиот Швајцарците беа оние мои беа во позитива и од осум поени. Сепак избраниците на Горан Самарџиев не се откажаа па во самиот финиш успеаја да ја анулираа. Во „пенал“ завршницата во последната минута, повеќе нерви и среќа имаа македонските младинци кои на крајот заслужено се радуваа.

Одново дури петмина кошаркари натпреварот го завршија со двоцифрен број на поени, а најмногу 16 постигнаа Стојковиќ и Кечовски. Иванов заврши со 14, Ќириловски со 12, а Луканоски додаде 11 поени.

Втора победа по ред, им ги зголеми шансите на нашите младинци за место во четвртфиналето. Тоа ќе го бркаат утре во дуелот против Данска.

Следете нé на социјалните мрежи