Македонскиот првак Шкендија, утре ќе го игра ревеш натпреварот од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
На арената „Тодор Проевски“ во Скопје, тетовци ќе го пречекаат велшкиот на ТНС.
Почетните 0-0, по првиот меч во Велс кој заврши без голови, се добра шанса за избраниците на тренерот Јетон Беќири, со победа да се пласираат во второто коло.
„ Сега имаме почиста слика за противникот, кој често го менува составот. Но, и тие знаат повеќе за нас.
Во првиот натпревар игравме по внимателно, но сега сметам дека сме спремни да одиграме многу подобро.
Сепак резултатот е таков да мора да бидеме внимателни.
Ние сме многу подобрат и по талентиран тим, а со поддршка на навивачите и максимално ангажирање, верувам ќе направиме резултат и ќе се пласираме понатаму“, изјави тренерот Беќири на денешната прес-конференција.
Утрешниот натпревар меѓу Шкендија и ТНС, ќе се игра во терминот од 20 часот.