Младата одбојкарка Марија Василевска останува верна на својот клуб и натаму ќе настапува за екипата на Работнички од Скопје.
Една од најперспективните македонски одбојкарки, поранешената членка на Вардар ЕМ, минатата сезона имаше одлични настапи во дресот на Работнички. Марија брзо се вклопи во тимот предводен од Душко Деспотовски. Со нејзините игри како во првенството и купот на Македонија, така и во Лигата на шампионите, успеа да се наметне кај селекторот Пауновиќ.
Василевска доби повик во сениорскиот национален тим со кој веќе оствари и настап во Европската Сребрена лига.
Младата Марија и на пристојната акција на сениорската репрезентација ќе биде во националниот состав на Македонија. Нејзе и нејзините репрезентативните колешки ги очекуваат натпреварите во квалификациите за Европското првенство.





































