Младата женска ракометна репрезентација на Македонија (до 19 години) денеска ќе го игра третиот натпревар на Европското првенство.

На шампионатот што се одржува во Подгорица, избраничките на селекторот Симе Симевски за противнички ќе ги имаат врсничките од Чешка.

Ова е натпревар од последното, трето, коло во А групата во која Македонија претрпе два убедливи порази (Унгарија и Полска) и е на последното четврто место на табелата.

За разлика од нашата, Чешката репрезентација со двете победи е на првото место на табелата и веќе има обезбедено пласман во втората, главна фаза на шампионатот.

Затоа и Чешка важи за фаворит во денешниот меч со македонската репрезентација што ќе се игра во терминот од 14.30 часот.

Следете нé на социјалните мрежи