Машката репрезентација на Македонија за одбојкари до 19 години ќе разигрува за пласман од 5 до 8 место на Балканскиот шампионат во Бања Лука.
Возбудливата групна фаза нашите надежи ја завршија со една победа над БиХ 3:0 и два порази од Романија и Турција.
Така македонските одбојкари го освоија третото место во А групата, со 4 бодови, зад Турција и Романија, а пред БиХ.
Викендов следуваат уште два натпревари во разигрувањето за конечниот поредок. Првиот на програмата е денеска во 15:30 часот против Грција, која беше последна во Б групата.

































