Македонија славеше голема победа во дуелот со лутиот ривал Грција на Балканското одбојкарско младинско првенство.
Во првиот од двата натпревари во разигрувањето за пласман од 5 до 8 место, Македонија со голем пресврти извојува победа над Грција со 3:2.
Откако првите два сета ги добија противничките одбојкари со 16-25 и 21-25, во следните два младите Македонци демонстрираа голема борбеност. Тоа особено беше изразено во третиот сет кој Македонија го доби со 34-32. Веќе во следниот бевме и многу убедливи го добивме со 25-15 за израмнување на 2:2 во сетови.
Во решавачкиот пети сет се водеше голема борба за секој поен. Иако судиите беа наклонето на нашиот јужен сосед, младите македонски подбојкари го надминаа и тоа го добија сетот со 15-13, а мечот со 3:2.
Така македонските одбојкарски надежи со втората победа на првенството се изборија за меч за петтото место во конечниот поредок.
Во него утре од 15.30 часот, противник на нашите младинци ќе бидат нивните врсници од Црна Гога кои со 3:0 денеска ја совладаа БиХ.





































