Кошаркарите на Пелистер ќе ја претставуваат Македонија во ФИБА Лигата на шампионите. Пелистерци пред една седмица го дознаа и противникот во квалификациите. Тоа е италијанската екипа Реџина (реџо Емилија).

Една седмица по ждрепката што беше одржана во Лозана, ФИБА реши сите три квалификациски турнири да се играат на едно место и тоа во бугарскиот град Самоков.

Притоа, утврдени се и термини за одигрување на сите натпревари.

Така Пелистер својот четвртфинален меч од групата против Реџо Емилија ќе го игра на 19 септември со почеток во 15.30 часот.

Доколку зелемо-белите слават победа, Пелистер во полуфиналето ќе се сретне со победникот од мечот Орадеа (Романија) – Антверпен (Белгија). Тој натпревар би се играл на 21 септември во 13.15 часот.

Следете нé на социјалните мрежи