Македонскиот првак Шкендија вечерва ќе го игра првиот натпревар од новата сезона и тоа во квалификациите за Лигата на шампионите.
Во рамките од првото квалификациско коло тетовци му гостуваат на велшкиот тим ТНС (The New Saints).
Шкендија не направи многу промени во тимот летово, па во принцип е речиси истиот состав кој ја освои титулата. Главните носители на играта лани, останаа и годинава, а меѓунив секако е топ стрелецот Бесарт Ибраими. Тој по добро и лошо ги памети двете средби против истиот противник во 2018 година. Ибраими постигна четири од петте голови во победата на домашен терен. Но, поразот од 0-4 на гостувањето во Велс секако е голема опомена, дека во претстојниот двомеч нема да биде ни малку лесно.
„Тој пораз од 2018 година на овој стадион не треба да влијае врз нас, бидејќи ако го анализирате првиот натпревар, победивме со голема разлика и мислевме дека тука ќе биде лесно.
Но, сега сме свесни и убедени дека тие играат подобро на свој терен. Важно е да не изгубиме, за да можеме да победиме на реваншот и да се квалификуваме“, истакна Ибраими.
Дали ќе оди според посакувањата на Ибраими и тимот на Шкендија секако ќе зависи од велшката екипа.
Тоа ќе го видиме во дуелот што ќе почне од 20 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.





































