Македонскиот првак Шкендија со „реми“ се враќа од Велс по првиот меч против тимот на ТНС. тетовци во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите одиграа без голови 0-0.

Овој резултат е поволен за макеоднскиот шампион кој во мечот влезе како благ фаворит, а пред реваншот за седум дена во Скопје.

Што се однесува до самиот натпревар, домашниот состав на ТНС беше очекувано тимот кој повеќе напаѓаше и создаваше шанси. Имаа и тетовци свои добри минути особено во вториот дел кога во игра влезе Ибраими.

Во самиот финиш односно последната 90-минута, домашниот тим имаше голема шанса за постигне гол. Сепак, благодарение на одличната реакција на голманот на Шкендија, Бабукар Гаје, тетовци извлекоа „реми“.

Така од „нула“ ќе стартува реваншот во Скопје, што ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ во вторник (15 јули) од 20 часот.

Следете нé на социјалните мрежи