Европската ракометна федерација ги потврди учествата на екипи во ЕХФ Европскиот куп. Македонија, годинава во женска конкуренција ќе има четири свои претставници, сите во Европскиот куп.
Според рејтингот што го имаат екипите, шампионот Ѓорче Петров ќе стартува дури од третата квалификациска рунда. Останатите три тима Металург Автокоманда, Чаир и Куманово ќе почнат порано од второто коло. Мала предност ќе има тимот од Автокоманда кој ждрепката ќе ја чека од првиот шешир.
Кои ќе бидат противниците на нашите женски ракометни екипи во Европскиот куп ќе дознаеме следната среда на 15 јули.
натпреварите ќче се играат кон крајот на септември и почетокот на октомври месец.





































