Познати се 16-те екипи што ќе играат во осминафиналето на Светското клупско првенство.

Четири бразилски, по две екипи од Шпанија, Италија, Англија и Германија, како и новиот европски шампион ПСФ од Франција, ќе бидат ден од оваа фаза. Честа на домаќините, Американците, ќе ја брани тимот на Интер Мајами предводен од Лионел Меси и Луси Суарез.

Во последните два натпревари од групната фаза, Реал Мадрид славеше над Салцбург, додека Ал Хилал ја победи Пачука.

„Кралевите“ беа убедливи во дуелот со австрискиот тим кого го совладаа со 3-0.

Винициус и Валверде во финишот на првиот дел ги постигнаа првите два гола. Во вториот, односно 84.минута Гарсија ја потврди победата.

Реал Мадрид за противник во осминафиналето ќе го има Јувентус кој во директниот дуел за првото место во групата беше поразен убедливо од Манчестер Сити со 2-5.

Англискиот тим за четвртфиналето ќе се бори со судискиот тим Ал Хилал кој со 2-0 славеше над Пачука. Стрелци на головите беа Ал-Давсари во првото и Маркос Леонардо во второто полувреме.

Денеска е слободен ден на клупскиот Мундијал, а осминафиналните натпревари ќе стартуваат утре (18 часот) со мечот Палмеирас – Ботафого.

Покрај дуелот Реал – Јувентус големо внимание во оваа рунда ќе привлече и мечот меѓу Интер Мајами на Меси и Суарез, против европскиот шампион ПСЖ.

1/8 финале
БОТАФОГО – ПАЛМЕИРАС
БЕНФИКА – ЧЕЛЗИ
ИНТЕР МАЈАМИ – ПСЖ
ФЛАМЕНГО – БАЕР МИНХЕН
ИНТЕР – ФЛУМИНЕНСЕ
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – МОНТЕРЕЈ
ЈУВЕНТУС – РЕАЛ МАДРИД
МАНЧЕСТЕР СИТИ – АЛ ХИЛАЛ