На Светското клупско првенство, познати се шест од осумте парови за осминафиналето. Ова откако се одиграа на полесните два натпревари под Е групата, во кој Интер ја победи Ривер Плата, а Минтереј славеше над Урава.
Во дербито италијанскиот Интер го победи аргентинскиот тим Ровер Плата со 2-0.
Еспозито во 72-рата и Бастони во третата минута од судиското дополнение (90+3) беа стрелци на головите.
Натпреварот го одбележаа многу остри дуели, стартови и два црвени картони за аргентинскиот им кој го заврши свој пот настап.
Интер во осминафиналето за противник ќе ја има бразилската екипа Флуминенсе која заврши втора во својата група, зад Борусија Дортмиунд.
Германскиот тим Даниел Свенсон во 36.минута го совладаа Улсан со 1-0 и завршија како прво рангирани.
Поразот на Ривер Плата го искористи тимот на Монтереј кој со убедливои 4-0 ја победи јапонската Урава. Така мексиканската екипа во осминафиналето ќе игра против Борусија Дортмунд.
Последните два пара за осминафиналето ќе ги дознаеме ноќеска откако ќе бидат одиграни натпреварите од 3.коло во Х групата. Во нив Реал за противник го има Салцбург. На двата тима доволен им е нерешен резултат за прогрес понатаму. Евентуален кикс на едниот или другиот тим ќе чекаат фудбалерите на Ал Хилал кои со победа над Пачука би можеле меѓу 16-те најдобри.
Таму место од Г групата веќе обезбедија Јувентус и Манчестер Сити, па нивниот меѓусебен дуел ќе решава кој ќе биде прв, а кој втор во оваа група.





































