Европската ракометна федерација (ЕХФ) утринава потврди, дека Еурофарм Пелистер директно ќе игра во Лигата на шампионите. Тоа е добра вест и за ривалите на битолчани, Вардар и Алкалоид.
Имено се отвора можност Вардар и Алкалоид да играат директно во групната фаза на ЕХФ Европскиот куп.
Вардарци требаше да играат квалификации за Лигата на Европа, но тие најверојатно ќе добијат директно место во групната фаза.
Третиот македонски претставник во Европа, тимот на Алкалоид како освојувач на Европскиот Куп, избори место во Лигата на Европа. Тимот од Автокоманда треба да игра во квалификациите, но сега се отвора можност и Алкалоид да игра директно во групната фаза.
Сепак дали овие прогнози ќе се остварат останува да сочекаме потврда од европската куќа на ракомет ЕХФ.





































