На задоволство на домашната, американска публика, тимот на Интер Мајами се пласира во осминафинлрето на Светското клупско првенство.
Во дуелот од 3.коло на А грипата, Интер Мајами одиграа 2-2 со бразилскиот Палмесирас.
Американскиот тим имаше водство од два гола, но Палмеирас се спаси во последните минути и го избегна поразот.
Луис Суарез во 16-тата минута му асистираше на Тадео Аљенде за водство од 1-0, а во 65-тата Уругваецот постигна гол за 2:0.
Бразилците сепак успеаја да израмнат. Во 80-тата минута, Паулињо постигна гол за намалување на разликата, а Маурисио ги постави конечните 2:2.
Со нерешениот резултат двата тима се пласираа во осминафиналето. Во него Интер Мајами за противник ќе го има новиот европски шампион ПСЖ. 
Палмеирас пак за место во ТОП-8 ќе се бори со бразилскиот ривал Ботафого.
 
             
		