Македонскиот фудбалски прваk во женска конкуренција, Љуботен, го дозна противникот во квалификациите за Лигата на шампионите.
На денешната ждрепката одржана во седиштето на УЕФА во Нион, тимот на Љуботен е сместен во групата 3, чии натпревари ќе се играат во Скопје.
Противник на Љуботен во полуфиналната рунда ќе биде екипата на НСИ Рунавик од Фарски Острови. Доколку тетовки ја минат првата пречка, на патот кон втората рунда ќе и стои противник од Бугарија или Ерменија. Имено во второто полуфинале ќе играат екипите на НСА Софија (Бугарија) и Пјуник (Ерменија).
Натпреварите ќе се одиграат на на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ во Скопје. Полуфиналните дуели на програмата се на 30 јули, додека финалето и дуелот за 3.место се закажани за 2 август. Времето на одигрување дополнително треба да се одреди.
 
             
		