Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер и седната сезона ќе настапува во елитната Лига на шампони.

Имено, Европската ракометна федерација, го објави имињата на екипи кои во сезоната 2025/26, ќе играат во елитното натпреварување.

Очекувано битолчани се меѓу тимовите кои добија вајлд-карта. Покрај Е.Пелстер место во ЛШ добија и екипите на: ГОГ, Пик Сегед, Келце, Колстад и Нант. Овојпат извисија тимовите на Порто, Кадетен Шафхаузен и Слован Љубљана.

Со тоа позната е листата на 16-те тимови кои ќе се борат за европскиот трон, на кој е германскиот Магдебург. Покрај овој тим директен пласман обезбедија и: Фуксе Берлин, Барселона, Веспрем, Висла Плоцк, Алборг, Динамо Букурешт, Загреб, ПСЖ и Спортинг Лисабон.

16-те екипи ќе бидат поделени во две групи од по осум на извлекувањето за групната фаза, закажано за петок (27 јуни) во 15 часот во Виена.

Новата сезона во Лигата на шампионите е предвидено да сторува 10 / 11 септември.

Следете нé на социјалните мрежи