Машката одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва ќе игра против Црна Гора. Тоа ќе биде и последниот натпревар за за нашите одбојкари во Европската Златна лига.
Популарните македонски „Спартанци“, на изминатите пет меча остварија само една победа над Летонија. Црна Гора досега не се радуваше ниту еднаш, односно ги загуби сите пет натпревари.
Затоа вечерашниот дуел е добра можност за избраниците на селекторот Јошко Миленкоски со триумф да го заокружат настапот во ова натпреварување.
Вратите во салата „Парк“ во Струмица, каде ќе се игра натпреварот, ќе бидат отворени за сите љубители на одбојката, кои сакаат да го следат овој меч.
Оние пак кои не можат да бидат таму, натпреварот ќе може да го гледаат низ директен ТВ преност на МРТ3 (овде).

































