Започна Светското клупско првенство, пред полни трибини во Мајами, но домашниот американски тим тим Интер Мајами и египетскиот Ал Ахли одиграа без голови. Иако двата тима имаат шанси сепак мрежите мируваа.

Секој тим одигра по едно добро полувреме. Во првото полувреме, Ал Ахли беше подобар и поконкретен, а не успеа да реализира пенал. Трезеге ја презеде одговорноста, но неговиот удар беше брилијантно прочитан и одбранет од Оскар Устари.

Во второто полувреме, Интер Мајами беше подобар и поопасен. Лионел Меси имаше две шанси да го отвори резултатот. Во првиот обид рамката на голот беше сојузник на противникот. Дчлабпко во судиското дополнение (97.минута), Меси се обиде уште еднаш, а тогаш египетски голман Мохамед Ел Шенави ја одби топката во гредата.

Во вториот натпревар од оваа А група, ноќеска на полноќ ќе играта Палмеирас и Порто.

Првото дерби ќе го гледаме вечерва во 21 часот кога новиот европски шампион ПСЖ ќе се сретне со шпанскиот Атлетико Мадрид. Претходно од 18 часот ќе играат Баерн Минхен и новозеландскиот Оукланд Сити, единствениот претставник од Океанија.

Турнирот на кој ќе настапат 24 екипи поделени во осум групи ќе трае се до 13 јули.