Младата (кадетска) женската селекција на Македонија денеска го игра последниот натпревар на Балканското првенство што се одржa во Тирана.

Младите македонски одбојкарки во мечот за 5-тото место во конечниот поредок загубија од домашната селекција на Албанија 3-1 во сетови.

Домашните одбојкарки беа многу подобри, освен во вториот сет кој македонските одбојкарки го добија со 25:27.

Останатите три им припаднаа на одбојкарките на Албанија со 25:16, 25:10 и 25:19.

Кадетките настапот на Балканскиот шампионат за одбојкарки до 19 години го завршија како пести со само едена победа над Косово и порази од Турција, Бугарија и денеска Албанија.

Следете нé на социјалните мрежи