Македонските одбојкарки втора година настапуваат во Европската Сребрена лига. Тие досега одиграа четири натпревари и имаат половичен учинок по две победи и порази.
Триумфите над Луксембург и Фарските Острови се мотив повеќе на избраничките на Пауновиќ да одиграат максимално и на последниот турни.
Тие ќе ја имаа улогата на домаќин на натпреварите што ќе се играат во салата „Парк“ во Струмица.
Поддршката од струмичката публика ќе биде добредојдена во обидот да се оствари третиот триумф. Затоа одбојкарките повикуваат салата „Парк“ да биде исполнета.
Во првиот меч попладнево Македонија за противник ќе ја има селекцијата на Израел. Натпреварот ќе почне од 19 часот, а во истиот термин утре црвено-жолтите ќе играат против Грузија.
 
             
		