Македонската женска репрезентација до 19 години ја запиша првата победа на Балканскиот шампионат во Тирана. Во дуело од 2.коло на Б групата македонските кадетки со 3:0 (25:23, 25:17, 25:17) славеа над Косово..

По вчерашниот пораз од Бугарија, избраничките на селекторот Александар Митев денеска одиграа на високо ниво во сите три сета.

Повторно стартувавме лошо, како во грч и во најголем дел од првиот сет бевме во позиција да бркаме резултат. Косово водеше 21:23 во финишот на првиот дел, но Македонија успеја да изедначи на 23:23, а потоа и да го освои сетот се пресврт, 25:23.

Во продолжението доминиравме на теренот и заслужено дојдовме до победата. Во вториот сет имавме контрола над резултатот од самиот старт па до крајот. Во последниот сет Косово одново понуди отпор, па егал се движевме до 15:15. Со серија од 5-0 Македонија поведе со 20:15, а потоа и рутински со 25:17 го затвори сетот за конечни 3:0.

Македонија утре во 13 часот го игра третиот меч од групната фаза против Турција.