Женската одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години со пораз го почна настапот на Балканското првенство во Тирана.
Македонските кадетки се поразени од врсничките од Бугарија со 3-0 (по сетови 25:9, 29:27, 25:15).
На избраничките на селекторот Александар Митев лошо влегоа во натпреварот, па во првиот сет освоија само девет поени.
Сосем поинаква слика понудија во вториот сет, во кој се покажаа како рамноправен противник. Целиот сет девојките го играа на разлика. Македонија имаше водство од 23:20 во финишот на сетот, но и две сет топки, кои за жал не успеа да ги искористи. Бугарките знаеја како да ги казнат нашите грешки и во играта на разлика со 29:27 поведоа со 2:0.
Нашите кадетки се бореа и во третиот сет. Сепак, Бугарија наметна свое темпо на игра и во средината на сетот поведе со 18:11, за потоа и рутински да дојде до триумф од 25:15 и конечни 3:0.
Утре во 2.коло од Б групата младите македонски одбојкарки ќе играат против Косово. Натпреварот ќе почне од 13 часот термин во кој ден подоцната Македонија ќе игра против Турција.