Женската репрезентација до 19 години од утре до 15 јуни во Тирана, Албанија ќе учествува на БВА Балканскиот шампионат.
По една седмица подготовки во Скопје, селекторот Александар Митев и неговата асистентка Бранка Каленикова го дефинираа списокот од 14 одбојкарки на кои ќе сметаат за овој настап.
Репрезентацијата изутрина отпатува за Тирана, каде попладнево ќе го одработи и првиот тренинг.
На шампионатот македонските одбојкарки ќе настапат во Б групата. Во неа за противнички ќе ги имаат врсничките од Бугарија, Косово и Турција редоследно.
