Машката одбојкарска репрезентација на Македонија влегува во финална фаза од подготовките за настапот во Европската Златна лига. Викендов во Братислава, Словачка, македонските одбојкари ќе ги одиграат првите два натпревари од еден од трите турнири.

Одбојкарите добија два дена слободни, па се вратија на работните обврски во Струмица. Сега акцентот е ставен на видео анализи и тактичко-техничка подготовка за првите два натпревари од годинешното издание.

Најважното е дека сите 15 репрезентативки кои ги има селекторот Јошко Миленкоски се здрави, засега нема никакви проблеми, а желбите се така да биде и во следните три недели.

„По две недели напорна работа викендов им дадов два дена слободни на играчите и од понеделник рано наутро се вративме во Струмица и продолжуваме со подготовките. Влегуваме во онаа популарно наречена финална фаза.

Почнавме со видео анализа на противниците и тактичка подготовка. Малку пријателски натпревари се играа периодов, но имаме некои информации и работиме според нив. Нормално, прво се фокусираме на Финска со оглед на тоа дека со нив го отвораме натпреварувањето.

Најважно во моментов е дека сите се здрави, расположени за работа и дека се тече според планот. Се надевам дека така ќе биде и во следните три недели“, вели селекторот Миленкоски и продолжува:

Репрезентацијата в петок изутрина патува за Братислава. Во сабота македонските одбојкари ќе го играат првиот натпревар против Финска во 15 часот, во „Гопас Арена“. Вториот натпревар на 8 јуни го игра во истиот термин од 15 часот против домаќинот Словачка.