Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се старо-новите шампиони на Македонија. Аеродромци по трет пат во финалето на плеј-офот го совладаа ТФТ и ја затворија серијата со 3:1.

МЗТ вечерва во четвртиот натпревар одигран во СЦ „Кале“ славеше над ТФТ со 77-53.

Целата работа сино-белите ја завршија уште во првата половина. Уште од самиот почеток МЗТ го наметна своето темпо.

Исклучат еднаш (3:2), сето останато време, МЗТ беше тимот кој беше во водство. Првиот квартал, аеродромци го завршија со 12 предност (11-23), а во вториот додадоа уште седум (21-14). На одмор МЗТ замина со +19 (25-44).

Иако во второто полувреме, тимот од Тафталиџе се обидуваше да се врати во игра.

Направи убава серија ТФТ и во 27.минута дојде на 10 поени негатива (36-46). Сепак тоа не беше случај. Искусниот состав на МЗТ знаеше како да ги контролира играта и резултатот, па на крајот славеше со конечни 77-53.

За тимот на МЗТ Скопје ова е 12-тата шампионска титула, а шеста во низа.

Сепак, сеуште најтрофеен (шампион) е лутиот ривал на МЗТ, тимот на Работнички со 15 титули, екипата која во 2018 година, ја прекина првата серија на МЗТ од шест титули.