Женската одбојкарска репрезентација на Македонизам вечерва ќе го игра вториот натпревар во годинашното издание на Европската Сребрена лига.
Македонските одбојкарки во салата „Парк“ во Струмица за противник во втората рунда ќе ја имаат селекцијата на Швајцарија.
Откако пред два дена убедливо ја совладаа репрезентацијата на Луксембург со 3:0, сега задачата ќе биде уште многу потешка. Денешниот противник Швајцарија одигра одличен прв меч во кој на противничките одбојкарки им препушти само 38 поени во трите сета.
„Посебно чувство е да се игра пред домашна публика и да се постигне победа, која ние ја очекувавме толку долго време.
Верувајте во нас, ова е само почеток!
Посериозен предизвик стои пред нас, но верувам дека нашите вистински квалитети ќе дојдат до израз на овој натпревар“, изјави Ана Фасулева.
Дека предизвикот вечерва ќе биде многу поголем потврди и Марија Василева.
„Се гордеам со триумфот со кој дадовме нов импулс на женската сениорска одбојка. Се што работевме изминативе години и кон што целевме, сега го реализираме.
Не се опуштаме, ова е само старт, имаме уште многу за играње, многу за докажување. Тешкото допрва доаѓа, а ние сме подготвени за предизвикот“, потенцира Марија Василевска.
Затоа македонските одбојкарки заслужуваат голема поддршка од трибините во мечот што ќе почне во 20 часот, а може да го гледате низ ТВ пренос на МРТ3 (овде).
 
             
		