Охрид викендов е домаќин на завршниот турнир од Купот на Македонија на кој учествува најдобрите четири екипи.
Покрај бранителот на титулата Алкалоид, тука се и претендентите за шампионскиот трофеј Вардар и Еурофарм Пелистер, како и домаќинот ГРК Охрид.
„На турнирот ќе настапи најдобрата четворка во последните неколку години во Македонското првенство.
Посакувам спортска игра, многу среќа и подобриот нека победи“,
изјави на прес конференцијата градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.
И претседател на Ракометна федерација на Македонија, Александар Стефанов им посака среќа на сите учесници.
„Во еден ракометен дух, една коректна борба, да имаме убав Ф4. Ги повикувам сите македонци да дојдат, ова е ракометен празник.
Ф4 Купот секогаш имал посебен натпреварувачки дух кој ја одразува оваа ракометна игра во која победникот ќе се закити со пехар и прво место“,
истакна Стефанов.
Натпреварите се играат во салата „Билјанини извори“. Во првото полуфинале од 17 часот се среќаваат екипите на РК Вардар и РК Алкалоид. Вториот полуфинален меч е закажан за 19:30 часот, а ќе играат РК Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид.
Финалето ќе се одигра утре (недела) со почеток во 17:30 часот.
Натпреварите може да ги следите ВО ЖИВО ОВДЕ и низ ТВ преноси на МРТ
 
             
		