Фудбалерите на Интер од Мајами ја прекинаа серијата слаби резултати, откако синоќа славеа дома против Монтреал со 4:2.

Натпреварот го обележана Лионел Меси и Луис Суарез со по два гола.

Уште од големиот триумф против Њујорк Ред Бул, тимот од Флорида не одиграла толку добар натпревар во МЛС лигата. Сепак, двајца поранешни асови на Барселона, ноќеска беа брилијантни, и играат како во најдобрите денови.

Домашниот тим поведе во 27.минута кога Меси постигна еден од најубавите голови во сезоната. На вториот гол се чекаше се до 68.минута кога Аргентинецот, му асистираше на Суарез за 2-0.

Само три минути подоцна уругвајскиот ас повторно се запиша во листата на стрелците. Гостите во 74.минута намалија на 1-3, но Меси со својот втор гол ја запечати нивната судбина.

Со овој триумф, Интер влезе во зоната што води директно во четвртфиналето од МЛС лигата. Нивниот следен ривал ќе биде Колумбус Кру во ноќта помеѓу сабота и недела.