По Рома, Вест Хем и Олимпијакос, вечерва ќе го добиеме четвртиот победник од Конференциската лига.
Дали ќе биде Реал Бетис или Челзи, ќе дознаеме по натпреварот во Вроцлав, Полска, со почеток во 21 часот.
Бетис во првото европско финале
Реал Бетис ќе го игра своето прво финале во европските купови. Ова е историски момент за клубот, кој по повеќе од еден век постоење, конечно стигна до европско финале. Финалето против Челзи во Конференциската лига е прв ваков настап за Бетис.
Челзи брка историја
Челзи има значително искуство во европските финалиња, со вкупно 12 настапи пред вечерашното финале. Тие имаат освоено сите три главни европски трофеи:
- Куп на победници на купови: 1971 (против Реал Мадрид), 1998 (против Штутгарт)
- Лига на шампиони: 2012 (против Баерн Минхен), 2021 (против Манчестер Сити)
- Лига Европа: 2013 (против Бенфика), 2019 (против Арсенал)
Дополнително, Челзи има и четири порази во европски финалиња:
Лига на шампиони: 2008 (против Манчестер Јунајтед)
Суперкуп на УЕФА: 2012, 2013, 2019
Ако Челзи победи вечерва, ќе стане првиот клуб што ги има освоено сите четири главни европски трофеи: Лига на шампиони, Лига Европа, Куп на победници на купови и Конференциска лига.