Најдобрата женската одбојкарска репрезентација на Македонија одбројува уште три дена до вториот настап во Европската Сребрена лига. Македонските одбојкарки ќе бидат домаќинки на првиот турнир од 30 мај до 1 јуни, во салата „Парк“ во Струмица. 

Тие за противнички ќе ги имаат селекциите на Луксембург и Швајцарија.

Тимот е спој на младост и искуство, а фактот дека им се дава нова шанса во европско натпреварување е големо значење за девојките.

„Од кога дојдовме во Струмица сите сме пресреќни и со нетрпение го чекаме стартот. Ни се дава нова шанса во Сребрената лига.

Сите сме возбудени, се чувствуваме поподготвени, посериозни, поискусни и на нас е да дадеме сè од себе.

Треба да се обидеме да направиме нешто, да отвориме пат за помладите и се надеваме дека присуството на нас, неколкумина поискусни ќе биде доволно за од некаде да тргне работата“,
вели Теа Терзиевска, интернационалката, која е една од поискусните во екипата.

Прв противник на Македонија и е Луксембург во петок (30 мај) од 20 часот. Потоа нашата репрезентација има слободен ден, додека Швајцарија и Луксембург играат од 20 часот. Во последното коло, на 1 јуни, во 20 часот, Македонија, пак, ќе се соочи со Швајцарија.

Следете нé на социјалните мрежи