По два натпревари во Оклахома Сити каде Тандерс победија убедливо, Минесота на домашен терен го покажаа своето вистинско лице. Тимбервулфс славеа убедливо со 143:101 и намалија на 1-2 во победи во финалето на Западната конференција на НБА плеј-офот.

Нападот на домашните играчи беше одличен и тие целосно ги надиграа Тандер, кои не покажаа иста енергија.

Сè беше решено многу брзо, веќе на полувремето Тимбервулвс водеа со плус 31, а во средината на третата четвртина, со предност од 38 поени за Минесота.

Минесотадо победата ја предводеа Ентони Едвардс со 30 поени, 9 скока и 6 асистенции и Џулиус Рендл со 24 поени. За Тандер, Гилгиус-Александар и Аџај Мичел постигнаа по 14 поени.

И следниот натпревар закажан за вторник (2.30 по полноќ) ќе се игра во Минеаполис.