Екипата на Тотенхем ја прекина „црната серија” која датираше од 2008 и се закитија со трофеј и тоа во Лигата на Европа. Со оваа победа над Манчестер Јунајтед од 1:0, екипата на Тотенхем по трет пат го освои трофејот во ова натпреварување.
Натпреварот се водеше во очекуван тек. Двете екипи даваа се од себе обидуваа да капитализираат на грешка на противникот и токму тоа им тргна од рака на Тотенхем. Во 42.та минута Бренан Џонсон го постигна голот за победа по проигрувањето на Папе Матар Сар. Онана остана немоќен и тоа беше доволно за „петлите” кои се закитија со европски трофеј. Манчестер Јунајтед пробаа со сите можни сили во вториот дел, но никако не успеаја да стигнаа до посакуваниот гол.
Со оваа победа на Сан Мемес во Билбао, екипата на Тотенхем се закити со нов трофеј во Лигата на Европа трет во нивната историја по сезоните 1971-72 и 1983-84. Со оваа победа 17.то пласираниот Тотенхем во Премиер Лигата ќе биде шестиот учесник на Англичаните во Лигата на Шампионите следната сезона.
Со оваа победа и освојување на пехарот, екипата на Тотенхем си обезбеди и настап во Лигата на шампионите следната сезона.