Актуелниот освојувач на Купот на Македонија екипата на Алкалоид попладнево го игра своето прво европско финале. Македонскиот е дел од финалето на ЕХФ Европскиот куп и во првиот финален натпревар гостува кај АЕК во Атина.

Претставникот на Грција е состав составен од интернационалци и со повеќе меѓународно искуство од Алкалоид, но мотивот е секако присутен кај македонскиот тим, особено што играчите на тренерот Кирил Лазаров за првпат ќе играат европско финале, за разлика од нивниот тренер.

Со позитивна атмосфера и позитивно размислување тргнуваме кон финалето. Поминавме многу долг пат за да стигнеме до ова финале, не беше воопшто лесно, елиминиравме многу добри противници, во голем дел од тие натпревари доминиравме со победи и на домашен терен и на гости, меѓутоа моето искуство кажува дека секој противник треба да го почитувате, особено противник, кој исто така како и тебе дошол до едно големо финале, исто на еден доминантен начин.

АЕК како тим веќе има такво искуство, има освоено европски куп, има изгубено едно финале, така да тие како клуб го имаат почувствувано тоа и знаат како да се постават, но сакам да кажам дека секој има свои сметки и свои математики, така и ние и се надеваме дека ќе бидеме на потребното ниво, да бидеме во најмала рака компетитивни на денешниот натпревар, изјави Лазаров.

Финалето се игра во Сунел Арена сала со капацитет од 9.000 гледачи, а натпреварот ќе го судат Гитис Сниуревичиус и Андриус Григалионис од Литванија.

Почетокот на натпреварот е во 18 часот. Реванш дуелот се игра во Скопје на 25.мај во СЦ „Борис Трајковски“

 

Гледај ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)