Кошаркарите на Њујорк се вторите финалисти во Источната конференција во НБА лигата која ќе добие нов шампион. Никси по шест натпревари го елиминираа бранителот на титулата, Бостон и закажаа конференциско финале со Индијана.

Во „Медисон Сквер Гарден“ домашниот тим лесни и убедливо славеше победа со 38 поени разлика 119:81. Победникот беше решен уште на полувреме кое Њујорк го доби со 27 разлика.

До триумфот домаќините дојдоа со тимска игра во која повеќемина играчи уфрлија над 20 поени. Ануноби и Брансон постигнаа по 23, а Микал Бриџис еден помалку (22).

Дабл-даблот оствари Карл Ентони Таунс, со 21 поен и 12 скока, а троен ефект имаше Џош Харт со 10 поени и по 11 скока и асистенции.

Така Њујорк по 25 години чекање ќе игра во конференциското финале во кое за противник ќе ја има Индијана. А, токму од истиот противник во 2000-та година Никси беа поразени во своето последно финале.

Предноста на домашниот терен во финалната серија ќе ја има Њујорк кој ќе биде домаќин на првите два натпревари. А, првиот на програмата е во четврток (22 мај).