Актуелниот НБА првак Бостон Селтик е пред завршување на сезоната. Оваа откако во четвртиот натпревар одигран во Њујорк по што Никс поведоа со 3-1 во победи.
Бостон го загуби со 121-113, но го загуби и својот најдобар играч Џејсон Тејтјум. На три минути пред крајот Тејтјум по еден дуел остана да лежи на паркетот. По лекарската помош тој беше изнесен од теренот во количка. Првичната информација е дека има повреда на ахиловата тетива. Тајтум натпреварот го заврши со 42 поени.
Во победничкиот тим прво име Џејлен Бронсон со дабл-дабл ефект со 39 поени и 12 асистенции. По 23 поени додадоа Бриџис и Таунс, а вториот имаше и 11 скока.
Првата шанса за пласман во финалето на Источната конференција Њујорк ќе има во четврток наутро и тоа на теренот на Бостон каде ги доби првите два натпревари.