Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија МЗТ Скопје Аеродром е на една победа од пласман во финалето на плеј-офот.
Аеродромци пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“, ја добија втората полуфинална пресметка со кумановци со 82:76 за водство од 2-0 во победи.
За разлика од првиот, денешниот дуел беше многу по израмнет. На полувремето сино-белите заминаа со 0сум поени предност, а во третиот период имаа и најголеми +12. Избраниците на Марин Докузовски не се предаваа па во последниот квартал влегоа со пет негатива. Но, тоа беше се што сторија бидејќи во последната четвртина МЗТ имаше и најголеми на натпреварот +15 (79-64). И тука веќе беше јасно дека и овојпат домаќините и нивните навивачи ќе се радуваат на победа.
Со по 22 постигнати поени најефикасни на натпреварот беа Американецот, Едвин кај МЗТ и Ренато Димитриевски за Куманово.
Првата „меч“ топка за финалето МЗТ ќе ја има во петок на паркетот на Куманово.
Утре (среда 19 часот) својот втор полуфинален дуел ќе го играат ТФТ и Работнички, а во него домашниот тим ќе влезе со предност од 1:0 во победи.




































