Кошаркарите на Маџари ги дели само една победа од пласман во Првата лига.

Екипата која егзистира само две сезони, лани ја потишти првата можност, но сега тешко дека ќе ја повтори грешката.

Тимот на Маџари убедливо ја доби првата полуфинална пресметка со МЗТ Скопје У.Б. со 83-75 и поведе со 1:0 во победи.

Многу потешко од очекуваното Маџари го доби заслужено овој дуел, откако секоја од екипите имаше свои добри периоди на игра. По четвртини резултатот се движеше 22-21, 15-18 (полубтеме 37-39) 23-19 и (60-58)

Сега на Маџари му треба само уште еден триумф да извори пласман во второлигашкото финале, кое пак е „виза“ за место во прволигашката конкуренција. Шансата за тоа избраниците на Миодраг Тодоровиќ ќе ја имаат веќе во среда на реваншот во СЦ „Јане Сандански“.

Утре (18 часот) својот прв полуфинален натпревар ќе го играат Ангели и Соколи.

Proudly powered by WordPress