И тоа се случи во НБА лигата, односно за прв пат во нејзината историја. Имено, на стартот на втората рунда од плеј-офот гостинските екипи ги добија сите четири воведни натпревари.

По Њујорк, Денвер, Индијана и екипата на Голден Стејт се радуваше на теренот на противникот во полуфиналето на западната конференција.

„Воините“ славеа против Минесота 99-88 и поведоа со 1-0 во победи. Иако остана без Стефен Кари кој во втората четвртина поради го заврши натпревари, Вориорс знаеја како до триумф. Кари натпреварот го заврши со 13 поени, а најефикасни беа Бади Хилд со 24 поени и Џими Батлер со 20 поени, 11 скока и осум асистенции.

За Тимбервулфс, Ентони Едвардс постигна 23 поени со 14 скока, а Наз Рид додаде 19 поени. И следниот натпревар ќе се игра во Минесота.

А, тимот на Индијана го најде „лекот“ за најдобрата екипа од регуларниот дел на сезоната Кливленд.

Составот на Пелсерс и по втор пат славеше на гостински терен кај Кавс сега со 120-119 и поведе со 2:0 во победи. Иако домашниот ти м ма 47.секунди пред крајот водеше со 119-112, тука застана. До крајот домаќините не постигнаа ниту еден поен, а на секунда пред крајот Хали Бартон со тројка донесе победа на Пејсерси.

Сепак, најефикасни играчи на Пејсерси беа Арон Несмит и Мајлс Тарнер кој постигнаа по 23 поени, а Ендру Нембхард заврши со дабл-дабл со по 13 поени и 13 асистенции.

Бадијала останаа 48 поени и деветте асистенции на Донован Мичеј за Кливленд.

Сега серијата подобар до четири се сели во Индијана каде ќе се играат следните два натпревар.