И овој викенд продолжуваат возбудувањата во женската ракометна Супер лига, каде на програмата се натпреварите од 16.коло на плеј-офот и 10. коло на плеј-аутот.
Во сегментот за разигрување за титулата (ллеј-оф), првиот натпревар ќе се одигра денес и тоа условно дерби. Со почеток од 18 часот, Чаир во салата „7-ми Март“ ќе го пречека шампионот и фаворит тимот на Ѓорче Петров. Двата тима добро се познаваат, па се очекува нивниот дуел да биде интересен, а дали ќе има неизвесност, останува да се види.
Утре (недела), ќе се играат другите два натпревари.
Во Куманово, кај истоимената домашна екипа, ќе гостува Вардар во терминот од 12 часот. Овој дуел е еден од поизрамнететите и тука може да очекуваме поголема неизвесност што се однесува до конелниот епилог.
Подоцна (од 13:30 часот), во Автокоманда ќе се сретнат Металург Автокоманда и штипски Астибо. Металург влегува како апсолутен фаворит во овој дуел во кој штипјанки, ќе се обидат да изненадат и да стигнат до првата победа во плеј-офот.
Во плеј-аутот, неделата ќе донесе две важни средби.
Во Битола, со почеток од 18 часот, Пелистер ќе се сретне со Спартак. За двата тима секој бод е од исклучителна важност, што најавува жестока борба за врвот на табелата. Во Струга, од 13:30 часот, ЖРК Стружанка ќе игра против Деспина.
Последниот натпревар од ова коло ќе се одигра во вторник, 6 мај, кога Шампион ќе го пречека тимот на Ѓорче Петров МРК. Натпреварот ќе се игра во салата „Антон Димитров“ во Скопје со почеток од 20:00 часот. Екипата на Овче Поле СУ ова коло е слободна.
Ивона Кимовска





































