Второлигашката фудбалска конкуренција полека ближи кон својот крај. Екипите претенденти за местата што водат во Првата лига и во баражот, одамна се профилирани.
Денеска се играа дуелите од 27.коло по кое екипата на Брегалница го губи чекорот со конкуренција за највисок пласман. Ова откако штипјани загубија со 1-2 на гостувањето кај Арсими. Сега Брегалница која остана на четврто место, заостанува 8 бода зад лидерот Македонија ЃП кој славеше над Бортец. Арсими 58 бодови, бидејќи Башкими одигра нерешено со Скопје.
ВТОРА ЛИГА – 27.КОЛО
МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ 3-0
БАШКИМИ – СКОПЈЕ 1-1
АРСИМИ – БРЕГАЛНИЦА 2-1
БЕЛАСИЦА – Д. ПЛАЧКОВИЦА 1-2
ОХРИД – КОЖУФ 1-0
КАМЕНИЦА – САСА ВАРДАР Н. 4-2
НОВАЦИ – ВАРДАРСКИ 3-0
ПОБЕДА – ОСОГОВО 0-0
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 60 бода, Арсими 58, Башкими 57, Брегалница 52…