Томица Главчев ќе биде идниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (МКФ). Тоа е повеќе од јасно за добро упатените во мак-баскетот, веќе две седмици.
Иако попладнево (во 16 часот) ќе се одржи Вонредното изборно собрание на федерацијата, Главчев веќе беше во „претседателскиот кабинет“.
Перо Антиќ одамна е минато, кога во прашање е неговото претседателствување со „Куќата на кошарката“. Тоа беше јасно уште на декемвриското собрание која најголемиот дел од делегатите побараа негово заминување. Инаетот не му дозволи на Перо да ја прифати реалноста, па си „купи“ време, да поседи уште малку на претседателското столче.
Сега „нема бегање“, промената е неминовна, а идниот претседател Главчев ќе има полни раце работа.